Македонија

ВИДЕО Откриена биста на Махатма Ганди во Скопје: Симбол на мирот и пријателството меѓу Македонија и Индија

ВИДЕО Откриена биста на Махатма Ганди во Скопје: Симбол на мирот и пријателството меѓу Македонија и Индија

Во Музејот на град Скопје денеска свечено беше откриен споменик на Махатма Ганди, во рамки на официјалната посета на индиската претседателка Драупади Мурму на земјава.

На церемонијата присуствуваа и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, како и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Овој чин беше оценет како траен симбол на заедничките вредности и поттик за зајакнување на пријателството меѓу двете држави.

Споменикот во јавниот простор останува да сведочи како траен потсетник на вредностите што ги обединуваат, а не ги разделуваат луѓето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни