Свет

ВИДЕО: Ова е човекот кој уби најмалку 31 лице: Нападна деца со нож и огнено оружје

ВИДЕО: Ова е човекот кој уби најмалку 31 лице: Нападна деца со нож и огнено оружје

Маж почнал да пука во деца и возрасни во градинка. Според првите информации загинале најмалку 31 лице.

Најмалку 31 лице загина во масовно пукање во североисточна тајландска провинција, а 12 лица се повредени, соопшти полицијата, пишува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има најмалку 23 деца. Ројтерс јавува дека сторителот го извршил овој страшен чин и самиот си пресудил.

Напаѓачот со нож и огнено оружје ги нападнал жртвите и побегнал. Мотивот за нападот засега не е познат.

Тајландската полиција го идентификуваше напаѓачот како поранешен полицаец Пања Камраб. Напаѓачот Пања Камраб минатата година бил отпуштен од полициските сили, објави тајландскиот ПБС, а Камраб наводно бил отпуштен поради употреба на дрога.

Премиерот и порача на полицијата да ги преземе сите можни мерки и да го уапси сторителот, изјави владиниот портпарол. Очајни родители се собираат пред градинката во која се случи грозоморното злосторство.

Стапката на поседување оружје во земјата е висока во споредба со некои други земји во регионот, но масовните престрелки се ретки, најновите во 2020 година кога војник уби најмалку 29 и рани 57 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни