ВИДЕО Погоден најпознатиот хотел во Дубаи Бурж Ал Араб

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади.

Ирански дрон го погоди петзвездениот хотел Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот висок 321 метар и на 60 ката се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.

Се вчитува...

Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро на традиционален арапски брод „дхоу“.

https://twitter.com/DostAfridi_10/status/2027871157311946778?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2027871157311946778%7Ctwgr%5E33af76525b05aed499593ae72cca20cccbefaa40%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fvideo-pogodjen-burj-al-arab%2F2765920.aspx

Хотелот често се опишува како „седумѕвезден хотел“, иако официјално е петѕвезден хотел, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодром на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

Меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден и од дрон. По инцидентот, во градот беше започната евакуација на населението. Луѓето се упатени кон подземни паркинзи.