Пожарот што избувна попладнево во шумата над скопската населба Пинтија сèуште не е ставен под контрола. Зафатена е поголема површина мешана шума, а огнот, како што објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Фејсбук, е на околу 200 метри од куќите.
„Пожар над населбата Пинтија. Гори сува трева и ниска деградирана шума. На лице место се екипи од Бригадата за протипожарна заштита (БППЗ). Поради непристапноста на теренот, и големиот фронт на пожарот, гаснењето е отежнато. Моментално пожарот е на околу 200 метри од последните куќи. Состојбата се следи“, е наведено во постот на ЦУК на Фејсбук.