Русите споделуваат прекрасни слики од поларната светлина на социјалните мрежи. Уникатен природен феномен може да се види во регионите Владимир, Ростов, Јарослав, Нижегород, Ленинград, Архангелск и Свердловск.
Убавината на оваа појава била видена и во Сергиево Посад, кој се наоѓа на 70 километри североисточно од Москва, пренесува Спутник.
Аурора бореалис или поларна светлина е предизвикана од сончевиот ветер, проток на јонизирани честички што зрачат од Сонцето со брзина од 300-1.200 километри на час. Кога овие честички ќе стигнат до магнетното поле на Земјата, тие се спојуваат со атмосферата и ја обојат во разнобојни линии.
Со оглед на тоа дека ноќе е многу светло, многу корисници на социјалните мрежи коментираат дека не се каат што не спиеле навечер поради ваквите сцени.
@aborealis940 you are so beautiful 😍 it's true!!! good night and sweet dreams 😘💞 pic.twitter.com/BBCeCQuYOR
— South Wind🍉 (@Ordnaxela23) September 19, 2023
Поларната светлина се појавува или како „дифузен сјај“ или како „завеса“ што се шири во правец исток-запад. Понекогаш се формираат „тивки лакови“, а понекогаш светлината континуирано се менува на небото – „активна поларна светлина“.
Секоја завеса се состои од бројни паралелни зраци, насочени во насока на локалното магнетно поле, што укажува дека поларната светлина е условена од магнетното поле на Земјата.
Како што истакнуваат научниците, во следните години ќе има повеќе можности за набљудување на поларната светлина, бидејќи Сонцето треба да биде на врвот на својот циклус во 2025 година.