Свет

ВИДЕО: Пристигнуваат снимки од силниот земјотрес во Таџикистан – се се тресе, луѓето бегаат

ВИДЕО: Пристигнуваат снимки од силниот земјотрес во Таџикистан – се се тресе, луѓето бегаат

Силен земјотрес со јачина од околу 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина.

Земјотресот беше силно почувствуван во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг.

По тој прв земјотрес следеа потреси со јачина од 6,8, 7,3, 5,0, 4,6, 4,9 степени според Рихтеровата скала. Се уште нема официјални информации за жртви или материјална штета.

На социјалните мрежи се појавуваат снимки од земјотресот, кој освен во Кина, силно се почувствува во Пакистан, Узбекистан, Авганистан и Киргистан.

Во Кина наводно се урнал рудник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни