Свет

ВИДЕО Русија го нападна главниот град на Украина

ВИДЕО Русија го нападна главниот град на Украина

Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти.

Сликите на урнатините расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днепро, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.

Чуварот на зградата е пренесен во болница, а оштетени се и соседните згради.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дронот ја погодиле инфраструктурата во областа Свјатошински на западниот брег на реката.

Воздушниот напад траеше повеќе од еден час.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин вчера се пофали дека Русија произведува десет пати повеќе проектили од сите земји на НАТО заедно и се закани дека ќе ги нападне центрите за одлучување во Киев со својата нова балистичка ракета со среден дострел.

Руските воздушни напади извршени во четвртокот вечерта против Украина се потсетување на итноста и важноста на поддршката на украинскиот народ, изјави актуелниот американски претседател Џо Бајден.

– Русија продолжува да ја потценува храброста, издржливоста и решителноста на украинскиот народ. Соединетите Американски Држави, заедно со повеќе од 50 земји, ја поддржуваат Украина во нејзината борба за слобода – рече Бајден во соопштението објавено од Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Бајден оцени дека руските напади биле „безобразни“.

Воздухопловните сили на Украина претходно објавија дека руски беспилотни летала ја нападнале Украина во четвртокот вечерта, а во Киев и во голем број региони е објавена воздушна тревога.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни