Свет

ВИДЕО Се преврте автобус, има загинати: Трагедија во Турција

ВИДЕО Се преврте автобус, има загинати: Трагедија во Турција

Во јужната турска провинција Мерсин се превртел автобус при што девет лица го загубиле животот, а 30 се повредени.

Несреќата се случила кога меѓуградски патнички автобус, кој сообраќал кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис во западна Мугла, удрил во бариера на излезот од тунелот Саријар и се превртел.

Истрагата е во тек, а гувернерот додаде дека возачот „изгубил контрола на излезот од тунелот поради дождот и влажниот пат“, пренесува Daily Sabah.

Видеото снимено од камерите на автопатот покажува како автобусот со голема брзина влегува во кривина, удира во бариера и паѓа.

По несреќата на местото на настанот излегле екипи на итната помош и екипи за пребарување и спасување.

Од 30-те повредени лица, се вели дека 13 се во тешка состојба.

Гувернерот на Мерсин, Али Хамза Пехливан, подоцна изјави дека несреќата се случила околу 01:15 часот во вторникот по локално време, на релација Мерсин-Анталија.

„Посакувам Божја милост за нашите починати граѓани и сочувство до нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на нашите повредени граѓани“, рече гувернерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни