Балкан

ВИДЕО: Се слушаат експлозии по падот на авионот, не смее да се доближат полицајците и по.арникарите – еве зошто

ВИДЕО: Се слушаат експлозии по падот на авионот, не смее да се доближат полицајците и по.арникарите – еве зошто

Специјални служби пристигнале на местото на несреќата каде авионот, кој наводно летал од Србија за Јордан, се урнал во близина на Кавала во Грција, за да проверат дали е безбедно приближувањето на пожарникарите.

Според грчките медиуми, постои опасност да се приближи до авионот, а пожарникарите, итната помош, полицијата, новинарите и сите во близина мора да носат маски, бидејќи не се знае што имало во авионот.

Новинарот на националната ТВ ЕРТ вели дека не мириса на гареж, туку на нешто кисело, но дека можеби е нормално за авиони.

На местото на настанот пристигнале специјални служби за да ја проверат безбедноста на теренот.

https://twitter.com/sotiridi/status/1548409876635717639?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548409876635717639%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3973961%2Fne-prilazite-ni-za-zivu-glavu-vatrogasci-policija-hitna-svi-sa-maskama-olupina-aviona-ne-mirise-na-garez-nego-na-nesto-kiselo

Според информациите кои можат да се прочитаат на грчките портали има и експлозии.

Авионот е во сопственост на приватна американска компанија регистрирана во Украина. Како што се дознава, станува збор за авион Антонов Ан 12.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни