Свет

ВИДЕО: Се урна патнички авион во близина на Москва

ВИДЕО: Се урна патнички авион во близина на Москва

Руски патнички авион во кој бил само екипажот се урна во близина на Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Сухој Суперџет 100 се урна во шума и се верува дека сите тројца членови на екипажот загинале. Во авионот немало патници, јавува Би-би-си.

Руските државни медиуми јавуваат дека авионот се урнал за време на пробен лет по поправка.

Русија веќе некое време го развива Сухој Суперџет – регионален авион – за да ги замени авионите од западното производство.

Силно санкционирана за сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година, Русија се бори да ја замени својата застарена флота.

Во кусото соопштение, руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека авионот се урнал во шумска област.

„Нема жртви меѓу населението“, се вели.

Руските транспортни обвинители соопштија дека авионот се урнал недалеку од градот Коломна.

Авионот му припаѓал на Гаспром Авиа, авиокомпанија на државниот енергетски гигант Газпром, додадоа обвинителите.

Кривичната истрага за инцидентот што се случи во петокот е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни