Breaking Народна банка управува со Алта банка >>> Следете во живо
Свет

ВИДЕО Се запали и експлодира магацин со пиротехнички средства во близина на храм во Индија: Повредени 150 верници!

ВИДЕО Се запали и експлодира магацин со пиротехнички средства во близина на храм во Индија: Повредени 150 верници!

Повеќе од 150 лица се повредени во огромна експлозија на пиротехнички магацин за време на богослужба во верски храм на југот на Индија, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила во понеделникот вечерта кога бил активиран огномет во близина на храмот Касарагод во индиската држава Керала, се вели во соопштението.

Меѓу повредените има осум лица со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила за време на ноќна богослужба на која присуствувале илјадници верници.

Експлозијата била предизвикана од искра што паднала на магацинот, на неколку метри од оградениот простор каде што се изведувала церемонијата, се наведува во извештајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни