Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

ВИДЕО: Сите го видоа со пушка на покривот и никој не реагираше, се појави видео од атентатот на Трамп

ВИДЕО: Сите го видоа со пушка на покривот и никој не реагираше, се појави видео од атентатот на Трамп

Се појави и клип од Томас Метју Крукс, кој постави пушка на покривот, од каде пукаше во Доналд Трамп, ранувајќи го, по што беше убиен.

Томас Метју Крукс (22) е идентификуван како напаѓачот кој се обидел да го убие поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Имаше и видео од моментот кога атентаторот го застрела Трамп. На видеото можете да го видите Метју Крукс како лежи на покривот со оружје. Се слушаат вресоци и паника, почнувајќи веднаш по пукотниците.

Претходно се појави снимка од Крукс на која тој е во автомобил и вели дека ги мрази републиканците и Трамп.

Федералното истражно биро (ФБИ) го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс како „субјект вклучен“ во обидот за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп. Во соопштението на ФБИ се наведува дека Крукс е од Бетел парк, Пенсилванија.

Се појави сведок на атентатот на Трамп, извесен Грег, кој за Би-Би-Си изјави дека се обидел да ги предупреди обезбедувањето за атентаторот што го видел на покривот, но дека никој не реагирал.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни