Балкан

ВИДЕО Сите плачат кога игра Новак, Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон

ВИДЕО Сите плачат кога игра Новак, Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон

Во полуфиналето Србинот го надигра италијанскиот тенисер Јанико Синер со 6:3, 6:4, 7:6.

Новак ќе го игра своето 35. Грен слем финале – постави апсолутен рекорд, бидејќи го надмина Крис Еверт.

Тој ја забележа 34-та последователна победа во Лондон и сега е на само еден чекор од новата највредна титула, вкупно 24-та. Сега има 45 победи по ред на Централниот терен.

Во мечот за трофејот на најпрестижниот турнир, Србинот го чека подобриот од дуелот меѓу Даниил Медведев и Карлос Алкараз.

Полуфиналето на Синер останува неговиот најдобар резултат на Грен слемовите.

Во текот на играта публиката го провоцира скандирајќи го Рафаел Надал, а имаше и такви кои се радуваа на сервис грешките во моменти кога требаше да има молк на трибините.

Новак повторно успеа да ја сврти ситуацијата во своја полза, а откако ја доби играта, гестикулираше кон публиката покажувајќи ги солзите, а потоа со неколку пцовки ги почести некултурните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни