Балкан

ВИДЕО: Солзавец и сирени за воздушни напади на северот од Косово, Вучиќ нареди највисока борбена готовност на армијата

ВИДЕО: Солзавец и сирени за воздушни напади на северот од Косово, Вучиќ нареди највисока борбена готовност на армијата

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.

„Војската на Србија ги почна своите активности по таа наредба и некој мора да разбере дека она што го прави Курти нѐ води кон црвените линии, кон целосен колапс на дијалогот, кон ескалација на теренот и загрозување на мирот и стабилноста во регионот“, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк.

Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во четири општини со мнозинско српско население – Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, но и во северниот дел на Косовска Митровица, пренесува порталот Коссев.

Косовската полиција потврди дека им „помага на градоначалниците“ на овие места да го „остварат правото на работа“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни