Македонија

ВИДЕО: Ученици од Визбегово преку прозор излегуваат од претоварен и дотраен школски автобус – ветеното училиште сè уште го чекаат

Вака секој ден основците од селото Визбегово се принудени да патуваат од Визбегово до Чаир и обратно. Освен што е дотраен, она што го привлекува вниманието е и дека автобусот е преполн со ученици. Се обративме до Јавното сообраќајно претпријатие и ги прашавме дали ќе преземат мерки, дали овој автобус ќе биде заменет со нов и дали ќе се воведе дополнителна линија на оваа релација. Од таму ни одговорија дека причината поради која пуштиле такво превозно средство се инфраструктурните услови.

Од ЈСП велат дека ќе бидат набавени девет нови комбиња за транспорт на учениците. Учениците од Визбегово се принудени да патуваат до Чаир или Шутка, бидејќи во нивното населено место немаат училиштен објект, иако земјиштето беше одредено уште во 2005 година.

Жителите што ги анкетираше ТВ21, велат дека се изморени од празните ветувања на властите.

Ја посетивме и општината Бутел за да се сретнеме со првиот човек на општината.

Инаку, изградба на училиште во Визбегово, за кое ТВ21 известуваше неколкупати, ветуваше и претходникот на Смилевски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни