Петнаесетгодишно момче во Индонезија почина на ужасна смрт од напад на крокодил, а шокантниот инцидент е снимен на видео.
Петнаесетгодишникот во Индонезија ловел риба со своите пријатели во река кога бил нападнат од крокодил.
Петнаесетгодишникот, како што објави „Дејли меил“, не ги послушал предупредувањата на своите пријатели, влегол во водата и бил нападнат од крокодил кој го зграпчил за ногата.
Тој врескаше, неговите пријатели се обидуваа да го извлечат од забите на крокодилот, но не можеа.
Крокодилот го повлече во водата со себе. Како што рече член на спасувачките екипи кои брзо пристигнаа во областа, „моравме да го застреламе крокодилот за да го пушти момчето“.
Локалните власти им забранија на жителите да ловат риба во реката поради крокодили.