ВИДЕО: Ужасна тепачка со палки и шипки во Корча, едно лице повредено!

Четири лица со шипки и палки попладнево нападнале 30-годишен маж во Корча. Настанот се случил во сервис за автомобили, каде лицето влегло со цел да им побегне.

Објавено е и видео во кое може да се види како момчињата со шипки и палки трчаат кон мажот и потоа го удираат, а потоа си заминаа.

Се вчитува...

Нападнатиот е сместен во регионалната болница во Корча, и засега не е во животна опасност.

Полицијата веќе ги идентификуваше сторителите.

Според полицијата, тепачката меѓу нападнатиот и напаѓачите почнала на 14 февруари, кога 30-годишниот маж со неговиот брат удриле еден од напаѓачите.