Свет

ВИДЕО: Вистинско чудо во Турција, жена извлечена жива од урнатините точно една недела по земјотресот

ВИДЕО: Вистинско чудо во Турција, жена извлечена жива од урнатините точно една недела по земјотресот

Точно една недела по земјотресот, жена (40) била извлечена жива од урнатините.

Сибел Каја беше спасена во југоисточниот регион Газиантеп 170 часа откако силен земјотрес ја уништи провинцијата која се наоѓа во близина на епицентарот.

Ја спасиле од урнатините на петкатницата која целосно се урнала во земјотресот.

Спасувачите во Кахраманмарас оствариле контакт со уште тројца преживеани, јавува Си-Ен-Ен, а се претпоставува дека станува збор за мајка, ќерка и бебе.

Шансите да се најдат преживеани се намалуваат секој час, но тие сепак постојат.

Во неделата спасувачките тимови од Русија, Киргистан и Белорусија извлекоа жив маж од урната зграда во Турција 160 часа по земјотресот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни