Свет

ВИДЕО: Внимавајте, еве што ќе се случи доколку на римскиот Колосеум го врежате вашето име!

ВИДЕО: Внимавајте, еве што ќе се случи доколку на римскиот Колосеум го врежате вашето име!

Млад турист идентификуван само како Иван го оштетил римскиот Колосеум така што со клучеви ги врежал своето и името на неговата свршеница на еден од ѕидовите на амфитеатарот Флавијан, а сега се соочува со парична казна од најмалку 15.000 евра и до пет години затвор.

Некои случајни минувачи ја снимиле сцената која најверојатно се случила на 23 јуни, а видеото завршило на социјалните мрежи и ја алармирало полицијата.

Турист издлабил „Иван + Хејли 23“ во ѕидот на 1.937-годишниот римски Колосеум со клучеви, алудирајќи на годината кога го посетиле овој иконски амфитеатар.

Видеото е објавено на Редит под наслов: „Е**н турист го издлаби името во Колосеумот во Рим“.

На видеото може да се слушне човек кој зборува англиски, се жали и ја снима целата ситуација:

„Сериозен си човече? Ова е „прекрасно“, ти си таков гупак“, му вели по што многумина му порачаа на авторот на видеото дека треба да го испрати во полиција со надеж дека ќе го фатат вандалот.

„Многу сериозен и недостоинствен чин и знак на недостаток на манири. Се надевам дека сторителот ќе биде идентификуван и санкциониран според нашите закони“, рекол министерот за култура Џенаро Санџулиано.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни