За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба. „Пожарот го забележале нашите градски инспектори кои правеле рутинска контрола со помош на дрон“, информираат од Град Скопје. Со брзата реакција на Пожарна Скопје не е дозволено пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид околината.
Извор: ТВ21