Виена е прогласена за Европска престолнина на клукајдрвците

BirdLife Österreich (организацијата за заштита на птиците) и Одделот за заштита на животната средина на Виена ги објавија резултатите од пописот на птици во главниот град.

Во пребројувањето учествувале вкупно 1.280 граѓани, а забележани биле 8.500 птици, од кои 1.927 пријави се во однос на клукајдрвци и врапчиња.

Во 1.457 записи, клукајдрвецот ја игра главната улога, што значи дека ова е најчестиот вид птица во Виена која, за разлика од другите видови, продира најдлабоко во центарот на градот.

Оваа птица ја има во сите паркови во Виена, но и по некои од дворовите, а покрај големиот клукајдрвец, застапени се и Зелениот, Црниот, Црвеноглавиот и Планинскиот клукајдрвец.

„Како дел од проектот, девет од 10 европски видови клукајдрвци се откриени во Виена, што го потврдува угледот на Виена како „тајната престолнина на клукајдрвецот“ во Европа!“, изјави Ева Карнер-Ранер од „Птичји живот“.

Пописот покажал и дека три четвртини од сите врапчиња живеат во грмушка, додека пак многу малку се пронајдени на дрвјата (околу 10 отсто) и на ридовите (околу 5 отсто), а забележани биле и во пукнатини на стари згради.

„Овој попис покажува колку се важни дури и малите зелени скривалишта во урбаната средина за опстанокот на птиците“, посочи Јозеф Микоцки од Одделот за животна средина на Градот Виена.