Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за
откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената на подрачјето на Скопје.
Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 130 возачи, a кај 16 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на
алкотестирање.
Откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 28 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози.
Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената констатирано е дека 60 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 56 мандатни налози и четири прекршочни платни налози.
