Вил Смит си купи нов дом во Калифорнија во вредност од 11,3 милиони долари

Познатиот актер Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит платија неверојатни 11,3 милиони долари за вила од 1.000 квадратни метри во Калифорнија.

Вилата има поглед кон долината Сан Фернандо, а поседува и голем базен, спа-бања и игралиште за тенис и кошарка.

Внатре пак, има шест спални соби и девет бањи, а има и кино со кадифени облоги на ѕидовите за подобра акустика, додека пак во главната дневна просторија е поставен и голем камин.

Двојката поседува уште најмалку осум други имоти ширум САД.