Компанијата „Вирџин галактик“ започна со продажба на билети за „вселенски туризам“, а едно такво патешествие чини најмалку 450.000 долари.
Во соопштението до медиумите се наведуваат три опции за потрошувачите на „приватниот пазар за астронаутика“ – единечно патување, семеен пакет и опција за закуп на целиот лет.
Следниот лет на вселенското летало „Јунити“ е закажан за крајот на септември и е платен од италијанските воздухопловни сили.
Инаку, претходно „Вирџин галактик“ успешно го лансираше својот вселенски брод со четири седишта на 11 јули.
На летот беше и сопственикот на „Вирџин“, Ричард Бренсон.
Леталото слета на приватното вселенско слетувалиште што се наоѓа во американската сојузна држава Ново Мексико.
