Comfort Town е посебен станбен блок во главниот град на Украина, а необичната населба привлекува внимание поради дизајнот инспириран од Лего. Иако е дел од Киев, поради неговата изолација и специфичната архитектура, често се нарекува посебен град.
Тоа што коцките Лего не го привлекуваат само детското внимание го искористија архитектите Дмитро Васиљев, Александар Попов, Олга Алфјорова од источноевропската компанија Архиматика.
Тие најдоа инспирација во шарени градежни блокови за проектот Comfort Town, станбен блок во Киев, Украина.
За реализација на проектот беа потребни 11 години, но градот е благодарен бидејќи областа порано била прилично незабележлива индустриска зона.
Кога го презедоа проектот, целта на архитектонското биро беше да ја развие областа среде прометниот украински град во прекрасен станбен блок кој, пред сè, може да се продаде – дури и во време на криза.
Архитектите имаа слобода во одлуките поврзани со трансформацијата на областа во место каде што луѓето навистина би сакале да живеат, па затоа не е чудно што тимот изградил нешто што изгледа како град на Лего.
Со градби прекрасно обоени со комбинација на светли нијанси кои привлекуваат внимание и пастели кои се лесни за очи, Comfort Town е тешко да не се забележи.
Како и секој комплекс во градот, Comfort Town има малопродажна површина од 14.763 метри квадратни, а на долните катови од станбените згради има и кафулиња, продавници и канцеларии.
Новиот „град“ беше особено прифатен од помладите генерации градски семејства и професионалци кои живеат во градот и кои уживаат поевропски начин на живот во споредба со советскиот, кој е вкоренет во градот.
Во согласност со минималистичкиот стил на градот, архитектите се одлучија за згради со едноставни форми инспирирани од геометријата и целосно рамни екстериери.
