Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска на Светскиот економски форум во Давос изјави дека Украина ги брани демократските вредности и човечкиот живот, пренесе Асошиетед прес.
„Ние ве заштитуваме лично“, рече Кличко пред присутните за време на панелот на Светскиот економски форум, на кој учествуваа тој и неговиот брат Владимир.
Се вчитува...
Градоначалникот на Киев истакна дека Украина се бори пред се за вредности и за да биде дел од демократскиот свет. Тој ги повика учесниците на форумот да бидат активни, бидејќи Украина секојдневно дава човечки жртви.
Кличко рече и дека на Украина и треба оружје и економска и политичка поддршка.
