Вкупно 201 лице добиле решенија за изолација на подрачје на СВР Куманово

СВР Куманово им издало решенија за изолација на 201 лице, од кои 147 на подрачје на Куманово. Четириниаесет решенија се издадени на лица од подрачјето на полициска станица Крива Паланка, и 40 од полициската станица Кратово.Како што информираа денеска од МВР, моментално во изолација на подрачјето на СВР Куманово се 1.320 лица од кои 1.056, Куманово, 168 полициска станица Крива Паланка и 96 Кратово.

-Во самоизолација во моментов се вкупно 1.944 лица на подрачејто на СВР Куманово, од нив во Куманово – 1.620, полициска станица Крива Паланка 263 и полициска станица Кратово 61 лица, се наведува во соопштението на МВР.

Последново деноноќие полициските службеници извршиле 254 контроли кај лица во изолација и самоизолација на подрачје на СВР Куманово и не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

-Исто така, постапувано е по Законот за заштита на населението од заразни болести за носење на лична заштита на лицето, при што од страна на СВР Куманово изминатото деноноќие констатирани се 106 прекршоци (ПС Куманово – 69, ПС Крива Паланка 26 и ПС Кратово 11 лица, наведуваат од МВР.

.

Извор: ТВ21