Македонија

Владата го достави до Собранието дополнувањето на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка

Владата го достави до Собранието дополнувањето на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка

Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

„Ве информираме дека Владата денеска, според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција, на 30 јуни 2022 година. Документите се доставени до сите пратеници“, велат од таму.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни