Владата на седницата одржана на 5 август 2025 година донесе решение за именување на Љатиф Арифи за Национален координатор за комуникација и медиуми.
Решението е објавено во Службен весник бр. 165 од 8 август 2025 година и стапува во сила со денот на донесувањето.
Арифи ќе биде одговорен за координација на активностите во областа на јавната комуникација, медиумските политики и соработката со домашните и меѓународните медиумски чинители.
Улогата на националниот координатор подразбира и следење на медиумските трендови, унапредување на транспарентноста на институциите и обезбедување усогласена комуникација помеѓу државните органи и јавноста.
На истата седница Владата донесе решение и за именување на Љуљзим Шаќири за Национален координатор за развој и промоција на туристичката дејност.