Владата и маркетите се договориле – Мицкоски порача: Активно ја следиме состојбата, нема да дозволиме отстапувања и профитерство

По денешната средба во Владата со претставниците на големите маркети, премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е постигнат заеднички заклучок за одржување на фер цени на производите и запирање на евентуални нови поскапувања.

„Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство.

Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа.

Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување.

Продолжуваме да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. Најважен е интересот на граѓаните“, напиша Мицкоски.