После синоќешната собраниска седница во која 80 пратеници гласаа за Уставни измени согласно Договорот од Преспа, што ќе значи промена на името во Република Северна Македонија.
Понатамошната процедува е Владата да ги достави амандманите до Собранието. Има рок од 15 дена, но Премиерот Зоран Заев рече дека подобро ќе биде процесот да заврши побрзо.
Четирите амандмани кои ќе ги подготви Владата и со кои ќе се интервенира во Уставот, ќе поминат низ претрес во две комисии во Собранието, а расправата за тие амандмани може да трае до три дена.
Се отвора јавна дискусија во која пратениците имаат право да поднесат амандмани на амандманите.
Претресот на амандманите исто така се врши во две комисии, со што законодавниот дом се изјаснува оддечно за секој амандман на уставните амандмани, и потоа лседува конечна седница за усвојување на истите со гласање на двотретинско мнозиство.
Премиерот Заев во изјава синоќа истакна уверување дека голем дел од опозициската партија ќе се приклучат во следните фази до конечна реализација на уставните промени.
