Владата на Заев нема да го заврши мандатот – премиерот најави брзи предвремени парламентарни избори

Две години, четири месеци и 19 дена од формирањето на Владата на Заев. Денеска тој најави брзи предвремени парламентарни избори.

“Сега е потребен вашио став. Немаме време за губење и затоа мојот предлог е организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја“, изјави Зоран Заев.

Заев изјави дека размислувал и да поднесе оставка откако вчера не беше донесена одлука за датум за почеток на преговорите со Европската унија.

„Јас сум човек и сите опции беа во мојата глава. Јас го почуствував гневот, разочараноста, па дури и одредена фрустрација кај нашиот народ. Тоа е горчина која ја имаме сите, дури и јас. И тоа како и секој човек ме води и мене кон секакви размислувања, но реков немам право да се откажам да се борам“, додаде Заев.

Премиерот информираше дека барал средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, но тоа завршило без успех.

„Барав средба со претседателот Емануел Макрон и преку францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние четири месеци, но безуспешно. Секогаш посакувам средба со претседателот на Франција, голема земја и голем пријател на Северна Македонија, верувам дека во иднина ќе имаме можност да разговараме“, додаде Заев.

Заев вели дека на самитот на лидерите на ЕУ кој се одржа во четвртокот и петокот 27 лидери ја поддржале Македонија, а само еден бил против, а тоа е Емануел Макрон. Седум часа траела дискусијата, а по одлуката на Макрон речиси сите лидери телефонски се јавиле на премиерот. Заев вели дека интересот на ЕУ има интерес од Западен Балкан и дека не треба да се откажуваме од идејата да бидеме дел од Унијата.

Договорот од Преспа беше услов за ЕУ и НАТО, вели премиерот Заев, но сепак додава дека иако не добивме датум за старт на преговорите, договорите со Грција и Бугарија треба да се имплементираат. Како што вели тој треба да градиме пријателства и добрососедство, а не да се караме со соседите. Затоа вели, по Договорот од Преспа сме добиле пријател, а тоа е Грција со кој има голем потенцијал за соработка во секое поле.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното