Владата остана без име (ВИДЕО)

Утринава на зградата на Владата на Република Македонија, ги немаше буквите „Влада на Република Македонија“. Тие беа извадени и на нивно место се чека новото име „Влада на Република Северна Македонија“.

За разлика од Владата, во министерството за надворешни работи, и натаму стои името „Република Македонија“.

Менувањето на името ќе почне од таблите на граничните премини во земјава, ќе продолжи со таблите на сите државни институции.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното