Македонија

Владата усвои два клучни закона за дигитална трансформација и сајбер безбедност

Владата усвои два клучни закона за дигитална трансформација и сајбер безбедност

На денешната седница, Владата ги усвои новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност), со што се отвора ново поглавје во дигиталната трансформација на Република Северна Македонија.

Двата закона се дел од Реформската агенда за дигитализација и транспарентност и се целосно усогласени со европската директива NIS 2. Од Владата оценуваат дека ова е „историски чекор за ИКТ секторот и за општеството во целина“.

Закон за електронски комуникации

Законот донесува значајни новини:

  • ги зајакнува правата на корисниците,
  • воведува нови правила за заштита на лични податоци,
  • ја зголемува конкурентноста на пазарот.

Дополнително, законското решение ги дефинира надлежностите на Агенцијата за електронски комуникации, го подобрува правниот амбиент за операторите и е во согласност со ставот на Уставниот суд за чување податоци.

Закон за сајбер безбедност

Овој закон, прв од ваков тип во земјата, го воспоставува системот за заштита на дигиталната инфраструктура. Предвидува:

  • воведување на нови безбедносни стандарди,
  • формирање на национален и владин SOC (Security Operations Center),
  • јасна поделба на надлежностите меѓу институциите.

Законот предвидува и формирање на:

  • Национален координативен совет за сајбер безбедност,
  • владин тим за одговор на инциденти,
  • воспоставување на сајбер професионалци во сите институции кои управуваат со критична инфраструктура.

Владата потенцира дека овие закони се основа за подобра безбедност, поголема отчетност и поквалитетни дигитални услуги, како и чекор напред во градењето на транспарентна, сигурна и иновативна дигитална Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни