Свет

Владимир Путин: Русија е подготвена да преговара за Украина

Владимир Путин: Русија е подготвена да преговара за Украина

Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина, но Киев и неговите западни поддржувачи одбија да учествуваат во разговорите, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од Ројтерс.

Подготвени сме да преговараме со сите учесници во овој процес за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – не ние одбиваме да преговараме, туку тие“, рече Путин во интервју за руската државна телевизија.

„Мислам дека дејствуваме во вистинска насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. Едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, рече рускиот претседател.

Според Путин, принципот „раздели па владеј“ е основа на политиката на противниците на Русија. Според него, тие секогаш се обидувале и продолжуваат да се обидуваат да го направат тоа, пишува ТАСС.

Според него, Русија од 2014 година се обидува мирно да ја реши ситуацијата во Украина.

„Отсекогаш се трудевме да обезбедиме сите спорови што ќе се појават да се решаваат по мирен пат преку преговори. Но, за жал, другата страна имаше поинаков став. Започна, како што сум кажал многу пати, и сите знаеме, таму да се вршат непријателства. “, потсети Владимир Путин.

Тој додаде дека настаните од последните месеци му овозможиле да се увери дека 99,9 отсто од Русите се подготвени да дадат се за доброто на татковината. Путин, исто така, рече дека е 100% сигурен дека Русија ќе може да ги уништи системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ доколку САД ѝ ги достават на Украина.

Според него, тоа би се случило како пукање со прсти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни