Breaking Немало итни излези во случај на пожар во барот во Бангкок каде загинаа 27 лица, а 63 повредени од кои 22 се во критична состојба, рече премиерот
4NEWS.mk

Влатко Стефановски на „Џојфест“ во Крива Паланка

На градскиот плоштад во Крива Паланка вечер во 20 часот ќе почне фестивалот „Џојфест“, на кој главна ѕвезда е Влатко Стефановски.

Александар Михајловски од организацискиот одбор на „Џојфест” ги покани љубителите на добра музика да присуствуваат на концертот.

–  „Џојфест“ е културна детоксикација на граѓаните. Главна ѕвезда на вечерта ќе биде Влатко Стефановски со неговото трио, а ќе настапат Тони зен, Ки, Флека, Сајгон и Три оф ас, изјави Михајловски.

Директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски, ги покани сите граѓани и туристи да присуствуваат на фестивалот со кој се заокружува летната музичка и културна понуда во градот.

Настанот е дел од „Кривопаланечко културно лето” кое општина Крива Паланка го организира во соработка со локалните институции од областа на културата, со поддршка на Министерството за култура.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни