На 22.04.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.С.(31) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека извршил тешка кражба во куќа, сопственост на Е.Ш.(22), при што одзел пари и со тврди предмети го нападнал сопственикот.
По наредба на јавен обвинител, изготвена и поднесена е кривична пријава по брза постапка до Основно ОЈО Штип, по што лицето Т.С., ќе биде изведено пред судија на претходна постапка пред Основен суд Штип.
