ВЛЕН: Црната кутија Груби го држи во заложништво Ахмети!

Од коалицијата ВЛЕН реагираат со критики упатени кон ДУИ, оценувајќи дека партијата со години наназад имала долги мандати во влади, но без, како што наведуваат, суштински и долгорочни решенија за прашањата поврзани со правата на Албанците.

Во соопштението се наведува дека, според ВЛЕН, периодот на владеење на ДУИ во изминатите две децении бил обележан повеќе со политички популизам отколку со конкретни реформи и системски решенија, при што дел од воспоставените механизми ги оценуваат како недоволно ефективни.

Од ВЛЕН тврдат и дека дел од актуелната реторика на ДУИ во однос на Охридскиот рамковен договор, евроинтеграциите и стратешките партнерства е обид за политичко позиционирање и задржување на влијание на политичката сцена.

Во соопштението се споменува и дека, според нивните наводи, сведоштвата и политичкото делување на поранешниот функционер Артан Груби дополнително создаваат внатрепартиски тензии во ДУИ, што, како што тврдат од ВЛЕН, влијае врз нејзината внатрешна стабилност.

Од коалицијата оценуваат дека ваквиот пристап довел до намалена доверба кај дел од гласачите, наведувајќи ги резултатите од локалните избори како показател за политичките промени на теренот.