Балкан

ВМРО-БНД на вонреден конгрес избира ново раководство

Бугарската националистичка партија ВМРО-БНД на вонреден конгрес избира ново раководство. 

Актуелниот претседател Красимир Каракачанов поднесе оставка поради лошиот изборен резултат на партијата на последното гласање.

Се очекува да се избере нова структура со тројца копретседавачи, меѓу кои Ангел Џамбазки, Искрен Веселинов и Александар Сиди.

Лидерот во оставка истакна дека ВМРО во последните години имала подеми и падови, посочувајќи на изборот на нивни европратеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни