ВМРО-ДПМНЕ: Дали можеби клучна реформа за власта е отстранувањето на оградата од пред влада? - 4NEWS.mk
Поврзи се

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали можеби клучна реформа за власта е отстранувањето на оградата од пред влада?

ВМРО-ДПМНЕ низ соопштение уште еднаш побара власта да се охабри и да распише предвремени парламентарни избори, и да не наоѓа изговори. Според опозицијата, Владата на Заев не направила ниту една реформа, и затоа треба да си замине.

„Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните. Зоран Заев знае дека во фер и демократски изборен натпревар ќе виде поразен и ќе мора да си замине. Заев е исплашен бидејќи со заминувањето од власт институциите ќе бидат ослободени и ќе ги истражуваат криминалите на власта.

Затоа Заев и СДСМ бегаат од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Доколку истовремено се одржат и парламентарни и претседателси избори за нивната регуларност ќе гарантира техничка влада и нема да може некзнето да се крадат стотици илјади гласови како на референдумот.

Клучно оправдување на власта е дека предвремените парламентарни избори оваа пролет би ги закочиле реформските процеси кои ја придвижуваат државата на патот кон Европската Унија.

Не е реформски процес политиката ,,едно евро за Заев, едно евро за Вицето’’. Не е реформа општиот грабеж на парите на граѓаните, преку криминални грантови, тендери и субценции.

Не е реформа руинираното здравство како резултат на неспособноста на СДСМ, неспособност на власта која граѓаните неретко ја плаќаат со своите животи.

Можеби кога говори за реформи СДСМ мисли на 400-те илјади граѓани кои секојдневно се борат со сиромаштијата и живеат со еден оброк дневно или можеби 80-те проценти на млади луѓе кои од најмали нозе прават планови како да ја напуштат државата?

Дали можеби клучна реформа и мега проект е отстранувањето на оградата од пред влада?

Време е да се стави крај на црнилата, време е да се стави крај на погубните политики на власта, а  за сите оние реформи кои се од суштинско значење за македонското членство во Европската Унија, власта во периодот на техничката влада ќе добие целосна поддршка од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.“, се вели во соопштението на опозицијата.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com