ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на Министерството за здравство во кое се вели дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ нема да го наруши здравството.
„Министерството за здравство застана во одбрана на неспособноста на Филипче.
Наместо Филипче да се брани нека одговори зошто ја злоупотреби својата внука во политички цели.
Злоупотребата на дете е уште една срамна политичка измама, со која свесно ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија, исто како што ги лажеше дека ќе имало поквалитетни вакцини доколку гласаат за промена на името на државата..
Министерот лично со своето однесување, целосно ја деградира, го разградува процесот на вакцинација. Филипче мора веднаш да понесе одговорност, и очекуваме надлежните институции да преземат соодветни мерки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.