ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Оливер Спасовски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова го соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната прес-конференција. Интерпелацијата ја поднесуваат поради, како што велат, неспособност и селективност со што не ги штити јавниот интерес и граѓаните.

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во МВР работи селективно, по директиви на партијата, а не за штитење на јавниот интерес. Зголемен е степенот на корупција, според последното истражување на ’Транспаренси интернешнл‘. Граѓаните немаат доверба во министерството, а тоа го покажува извештајот на Еуробарометер од септември, според кое во МВР имаат доверба само 30 отсто од граѓаните, а над 60 немаат доверба“, изјави Мицевски, кој на прашање дали во барањето за интерпелација е ставено и бегството на поранешниот лидер на партијата Никола Груевски, одговори:

Се вчитува...

„Кога ќе биде изготвен извештајот од институциите, за кои само слушаме дека работат, тогаш ќе го кажеме нашиот став. Прво треба да се изјаснат институциите“, заврши Мицевски.

Извор: ТВ21