ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ одамна ја испушти од контрола состојбата со пандемијата

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение околу ситуацијата со коронавирусот. Тие сметаат дека владата на СДСМ се директни виновници за состојата со пандемијата, велејќи дека одамна е испуштена од контрола состојбата со Ковид-19.

Се вчитува...

„Заев и Филипче одамна ја испуштија од контрола состојбата со пандемијата на КОВИД-19 во Македонија. Бројот на заразени наближува на 20.000 лица, односно 10 пати повеќе од уверувањата на Филипче.

Секој ден имаме троцифрени бројки на заразени, а власта нема ниту план, ниту стратегија, како да ја смири ситуацијата. Неспособноста на Заев и Филипче е причина моментално во Скопје да имаме околу 1.000 активни случаи на болни лица од КОВИД-19. Преплавен е и остатокот
од државата каде имаме над 1.500 активни случаи.

Македонија буквално тоне во зараза. Највиновни за тоа се Зоран Заев и Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Заев и Филипче немаат капацитет да се справат со коронакризата, ниту на здравствено поле, ниту на економско поле.

На полето на здравството – пациентите се незадоволни, медицински сестри ги напуштаат клиниките, лекарите се револтирани. На полето на еконосмијата – граѓаните немаат пари, 40.000 останаа без работа, фирмите не добија помош, но затоа добија фирмите на Нина Ангеловска и Зоран Заев. Македонија со СДСМ само тоне“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

.

Извор: ТВ21