ВМРО-ДПМНЕ: Власта за осум месеци реализира 28 отсто капитални инвестиции

Граѓаните во огромно мнозинство застануваат зад ВМРО-ДПМНЕ и политиките за обнова на Македонија.

Со 6% предност ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ и деструктивните политики на власта.

Криминалот, корупцијата и рекетот кои во изинативе три години го тиштат македонскиот граѓанин, заедно со националното предавство, се причините поради кои граѓаните бараат промени.

Криминалните политики на власта значат 28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци, запирање на градбата на клиничките центри во Скопје и Штип, нула километри нов автопат, универзитети со изгубена репутација, разочарани земјоделци. Затоа Заев бега од избори и се моли тие да не бидат на пролет.

Зоран Заев е исплашен затоа што знае дека одамна ја има изгубено поддршката од граѓаните.

СДСМ направи огромна штета за државата. Со СДСМ Македонија може да продолжи само да тоне. На Македонија и треба нов почеток. На Македонија и треба обнова.

На претстојните парламентарни избори СДСМ ќе го добие одговорот на граѓаните кои во се поголеми бројки застануваат зад ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното