Заев повторно лаже и ветува нереални социјални проекти, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од најголемата опозициска партија прашуваат зошто до сега не се реализирало барем половина од ветените социјални станови и старечки домови.
СДСМ ветува поголема грижа за социјално ранливите категории, а до сега само им ги скратиле правата и помошта што ја добивале од државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За опозицијата, предизборните ветувања на Заев се само лаги со цел да собере повеќе гласови на изборите.
Мирјана Јовеска
