Внимателно на патиштата, одрони на некои патни правци

Од “ВИАДУКТ Трејд” известуваат дека согласно одобрението, на ден 24.07.2019 година ќе се започне со изведување на геодетско снимање и геомеханички истражни работи на магистрален пат А2, делница Струмица-Дабиле, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќајот, од 05:00 до 12:00 во времетраење од 5 работни дена.

Се вчитува...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ј.П. Македонија пат известува дека патниот правец с. Истибања – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

Извор: Сител телевизија