Внимателно на патиштата, одрони на некои патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај с. Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Од 25.06.2019 година, патот од Драчево кај пругата до селото Лисиче ќе биде затворен една недела поради асфалтирање.

Извор: Сител телевизија