Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прашање на ТВ21 ја коментираше неговата изјава дадена во 2014 година, каде што рече дека „Украина не е далеку од Македонија“, пренесува ТВ21.
Тој вели дека оваа изјава после 8 години можеби изгледа како шега, но сегашната ситуација покажува дека работите за жал тргнале наопаку.
Денес, според него, мирот е загрозен не само во регионот, туку и на планетата.
„Можеби изгледаше како шега, но, навистина, со жалење, пред 8 години видов анализа на странски истражувачи и за жал, работите тргнаа наопаку и денес е загрозен мирот на планетата. Денес е загрозена иднината на генерациите. „Да бевме повнимателни во годините што ги оставивме зад нас, веројатно ќе имавме попрогресивен развој“, рече Ахмети.
Сепак, тој е оптимист дека прогресивните сили повторно ќе триумфираат и дека последиците нема да бидат големи./ТВ21