Свет

Во Белгија расте бројот на заразени со Ковид-19

Институтот за јавно здравје на Белгија информира дека индикаторите за Ковид-19 се влошуваат, јави дописничката на МИА од Брисел.

Бројот на новозаразени се зголемил за 43 отсто во текот на изминатата недела, бројот на починати од вирусот е зголемен за 45 проценти.

Расте и стапката на позитивност и достигнува над 30 отсто.

Од почетокот на овој месец зголемен е и бројот на хоспитализирани поради Ковид-19 за 27 отсто, од 1.660 хоспитализирани, 87 се наоѓаат на интензивна нега.

Стапката на репродукција на вирусот исто така е зголемена. Овој индикатор покажува дали заразата забрзано се шири. Кога стапката надминува еден тоа значи дека вирусот зема замав. Во Белгија моментално стапката изнесува 1,18.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни