Зимата во Чешка е далеку од нејзиниот вообичаен карактер. Нов температурен рекорд е забележан во земјава.
На 1 јануари во градот Јаворник во североисточна Чешка беа измерени 19,6 степени Целзиусови.
На првиот ден од годината рекордно високи вредности се забележани во повеќето од вкупно 162 метеоролошки станици во земјава, кои водат статистика веќе 30 години.
Невообичаено топлото време ќе продолжи и во наредните денови. Околу 50 луѓе дури се „ладат“ со влегување во водите на езеро во близина на Пилсен за да ја дочекаат Новата година.